Која е најпопуларната боја кај новите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Бојата на автомобилот некогаш е пресудна за купувачот да се определи за некое возило. Последниот извештај околу популарноста на боите на автомобили за минатата година ја зацврсти белата на првата позиција.

Според извештајот, 25% од новите автомобили во 2018 година биле во бела боја што е убедливо најмногу во однос на останатите бои. Од овие автомобили, 21% е во солидна боја додека 4% припаѓа на бисерно бела боја.

По белата боја најпопуларна е сивата со 22%, а потоа следи црната со 21%.

За разлика од минатото сега сребрената боја не е воопшто популарна и со 11% се наоѓа на четвртата позиција. Едно место подоле со 10% се наоѓа сината поја додека со 6% следи црвената боја.

Овие податоци се однесуваат на Европа, но доколку се земат во предвид и останатите континенти тогаш нема измена на врвот. И натаму најпопуларна боја е белата, додека од втората до петтата позиција се наоѓаат црната, сивата, сребрената, црвената боја…