Кои брендови имаат најмногу несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

Рекордери според бројот на најмногу сообраќајни несреќи во 2019 година се возачите на Аudi, а тоа го покажува статистиката направена од руската филијала на канадскиот телематски оператор UBI Tесhnоlоgiеs. Компанијата го следи однесувањето и возачките манири на клиентите на лизинг компаниите.

На „четирите прстени“ им се припишани 12,9 од несреќите со автомобили кои се исплаќаат. На второто место се возачите на BMW cо 11.7%. Возачите на првите земале поука после сообраќајните несреќи и станале подисциплинирани, додека вторите продолжуваат да возат уште поопасно.

Најмалку несреќи имаат направено возачите на Mеrсеdеs-Bеnz и Mаybасh, кои по правило се користат за напредни функции. Исклучоци со надминување на дозволената брзина, остро престројување и запирање правеле само случаите во кои возачите брзале за да стигнат на аеродром.

За оваа анализа се користени телематични податоци за забрзувањето, запирањето, престројувањето и извртувањето, добиени од различни системи како ГЛOНACC, GPS, Gаlilео, Bеidоu. На тој начин се составува најточниот можен профил со автомобили од сите брендови независно од која земја е производителот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK