фото: ADAC

Кои автомобили најдобро сопираат: Ќе се изненадите од резултаите

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот автоклуб ADAC ги анализирал податоците за 48 автомобили кои го минале тестирањето на Euro NCAP во 2019 година и начинот како функционираат нивните системи за итно сопирање. Овој систем е присутен кај повеќето нови возила и е многу важен бидејќи ќе ги исправи грешките на возачот и автоматски ќе сопре кога ќе открие пречка пред возилото (ако возачот не успее да го стори тоа навреме).

При вкупната оценка изразена во проценти, ADAC ги одреди следниве сегменти: автоматско сопирање при итни случаи во градот (20% од вкупниот рејтинг), сопирање при ненадејно излегување на пешаци ноќе и преку ден (25%), сопирање – велосипедисти (25%). сопирање на патиштата надвор од градот (30%).

Резултатите се малку изненадувачки бидејќи на првите петнаесет места се најдоа многу возила кои не се од т.н. премиум сегмент, каде очекувате највисок квалитет на овие производи. Најдобар процент има VW T-Cross, го следат новиот Nissan Juke и Tesla Model 3. Тука се двете возила на Skoda и новиот Renault Clio.

На 33 место е новиот Golf кој воопшто не импресирал, а возилата како што се VW Sharan или Kia Ceed добија ниски оценки за непрепознавање на пешаците и велосипедистите. На дното се автомобилите кои немаат автоматски систем за сопирање при итни случаи во нивната опрема.

 

1. VW T-Cross мал SUV 95,3%
2. Nissan Juke мал SUV 95,1%
3. Tesla Model 3 Лимузина 93,3%
4. Skoda Kamiq мал SUV 93,3%
5. Skoda Scala Компакен 93,3%
6. Mercedes CLA Компактен 93,2%
7. Tesla Model X Голем SUV 92,3%
8. Mercedes B class Компактен MV 92,3%
9. SEAT Tarraco SUV 92,3%
10. BMW 1 компактен 91,6%
11. Mercedes EQC SUV 91,5%
12. Audi A1 Мал градски 91,4%
13. Renault Clio Мал градски 91,1%
14. Toyota Corolla Компактен 91,1%
15. Toyota RAV4 SUV 91,1%
16. Lexus UX Компактен 91,1%
17. Mercedes GLB SUV 90,9%
18. BMW 3 Лимузина 90,3%
19. Mercedes GLE Голем SUV 90,3%
20. Audi e-tron Голем SUV 89,4%
21. Renault Captur SUV 89,1%
22. Ford Kuga SUV 88,4%
23. Mercedes G klasa Голем SUV 88,3%
24. BMW Z4 Купе-кабриолет 88,0%
25. Ford Puma SUV 86,3%
26. Audi Q7 Голем SUV 85,8%
27. Subaru Forester SUV 82,0%
28. Mazda 3 Компактен 81,8%
29. Skoda Octavia Компактен 81,3%
30. Ford Mondeo Лимузина 80,7%
31. Honda CR-V SUV 79,5%
32. Mazda CX-30 SUV 79,3%
33. VW Golf Компактен 77,1%
34. Ford Focus Компактен 75,2%
35. SsangYong Korando SUV 73,6%
36. Ford Explorer SUV 72,3%
37. Land Rover Range Rover Evoque SUV 72,0%
38. Porsche Taycan SUV 57,7%
39. Peugeot 208 Мал градски 52,4%
40. Opel Corsa Мал градски 49,4%
41. Peugeot 2008 SUV 46,7%
42. Jeep Cherokee SUV 44,8%
43. Citroen C5 Aircross SUV 38,7%
44. VW Sharan (SEAT Alhambra) голем MV 38,0%
45. Kia Ceed Компактен 36,0%
46. DS 3 Crossback SUV 0,0%
47. VW up!/e-up! (Škoda CITIGOe/SEAT Mii electric) Микро 0,0%
48. Jeep Renegade SUV 0,0%