Кога велам „џип“ – мислам на …

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската мода денес е диктирана од честата смена на генерации и уште поредовните освежувања и фејслифтинзи на моделите. Само така може да се остане во трка со со попребирливите купувачи и нивните навики.

Во врска со ова многу модели брзо ја менуваат својата визија и тешко е за пошироката јавност да ги следи сите трансформации, дури и во рамки на една и иста моделна линија. Од хечбек се претвора во седан, па потоа во кросовер… И се за да се задржи актуелноста.

Сепак, има автомобили, кои можат веднаш да бидат препознаени дури и од не многу особено загреани автомобилисти. Аutоnеws оf thе Dаy донесува Топ 3 на најпрепознатливите теренци, чии имиња се познати низ целиот свет.

Mеrсеdеs-Bеnz G-Klаssе

Упорното придржување кон класичниот стил, зададен од првата генерација на моделот, може да се смета за клуч кон одлично препознавање на овој теренец. Работата на G-Klаssе со својата ѕвезда на решетката на ладилникот е тешко да биде измешана со кој и да е друг модел.

Овој автомобил веќе име преминато неколку рестајлизирања и наскоро ќе биде сменета генерацијата, но непоколебливиот прием на генерациите во однос на надворешниот изглед ја прави G-Klаssе најпрепознатлив претставник во својот сегмент.

Jееp Wrаnglеr

Уште еден теренец, чиј целосен стил и силуета остануваат практично неизменети од генерација на генерација. Ова особено важи за модификацијата со отворен покрив кој е особено препознатлив.

Од средината на 90-тите, со пуштањето на втората генерација Jееp Wrаnglеr, моделот доби заоблени фарови, кои подоцна станаа класични и за радост на фановите останаа на местото дури откако четвртата генерација беше пуштена на пазарот пред неколку години.

Hummеr H1

Тешко е да се помеша овој супер брутален теренец со друг автомобил од истата класа. Еден проблем – првиот граѓански Hummеr – автомобилот е далеку од најраспространетиот така што малкумина го виделе овој модел во живо.

Дури и еден поглед кон фотографијата на Hummеr H1, сепак, е доволен, за да се дознае вендаш, дека тоа не е друго туку еден од најпознатите армиски џипови во светот, кои на почетокот на 90-тите ја доби својата граѓанска верзија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK