Клуч на автомобил што чини колку Rolls-Royce Phantom

ОБЈАВЕНО НА:

Клуч за автомобил по цена од еден Rolls-Royce Phantom. Звучи неверојатно, но во целост е вистинито.

Компанијата Awain во продажба воведе клуч за автомобил по цена од 500 илјади евра, или колку еден Phantom или можеби збирка од неколку Porsche, Lamborghini и Ferrari автомобили.

Овие клучеви се изработуваат рачно во Финска, а потребно е од 100 до 300 часови активна работа за изработа на еден. Истиот е составен од нешто повеќе од 1.000 дијаманти од 20 карати.

Доколку сакате нешто поскромно тогаш експерите од Awain ќе ви го препорачаат моделот Serenity кој чини 89 илјади евра како и моделот Quantum по цена од 49 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK