Крадец го врати возилото на сопственичката откако дозна дека е болна – оставил и порака

ОБЈАВЕНО НА:

Непознат крадец на автомобили во Италија, украде автомобил Fiаt Dоblо, но набрзо го врати кај сопственичката откако дозна за нејзината тешка здравствена состојба и тоа преку социјалните мрежи. Во автомобилот познатиот крадец оставил порака која ја напишал самиот со извинување.

Автомобилот Fiаt Dоblо бил украден на 13 јануари од паркинг пред болница на југот на Италија, во Бари. Рита Дамијани, ќерка на сопственичката на автомобилот, која страда од мултиплекс склероза, одлучува да не остане само со пријава во полицијата туку да објави пост на Фејсбук.

Во постот стои дека украдениот автомобил е единственото превозно средство на располагање на мајка и, кое е тешко да се замени со ново. Возилото е посебно прилагодено за лица со инвалидитет и е опремено со рампа за инвалидска количка.

Околу 1000 лица го споделуваат постот на девојчето, а како резултат на тоа истата објава стигнува и до крадецот на автомобилот. Исчезнатиот автомобил е пронајден неколку дена подоцна. Истиот бил паркиран близу до куќата на болната жена. Го наоѓа сосед, кој им се јавува на карабинерите.

Кога го отвориле автомобилот, на предното седиште бил пронајден лист на кој имало извинување. „И ние исто така имаме срце. Извинете не знаевме за вашата болест“, напишал крадецот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK