Колку македонски плати ви требаат за да го купите најевтиниот Tesla модел?

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla во континуитет бележи зголемување на продажбата на сите регионални и национални пазари ширум светот. Сепак, конкуренцијата која доаѓа од Кина, а која нуди евтини електрични автомобили врши голем притисок на овој производител.

Така, некои медиуми повикувајќи се на интерни извори од Tesla, објавуваат дека американскиот производител веќе работи на нов, евтин електричен автомобил кој ќе биде првично наменет за економски не толку развиените земји односно за земји со не толку голема куповна моќ. На тој начин ќе се обиде да им одземе на кинеските, но и поевтините европски производители, дел од пазарниот удел.

Наводно новиот модел ќе го носи називот Model 2 и ќе се продава по цена од 25 илјади американски долари што е за 10.000 долари пониска од најевтината верзија на Model 3.

Ова практично значи дека на македонскиот државјанин со просечна месечна нето-плата, ќе му бидат потребни нешто над 56 просечни плати за да може да го купи овој автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK