Кинески Geely: Купи онлајн, достава до дома, клуч со дрон (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во време на коронавирус сите почнуваат да размислуваат како да привлечат повеќе купувачи, се борат за секој од нив, и се бараат начини како да им се испорача она што тие го сакаат. Кинескиот автомобилски гигант Geely Auto откри интересни детали за сопствената иницијатива за продажба на автомобили преку Интернет, започната во февруари годинава.

Компанијата соопшти дека до сега повеќе од 10.000 луѓе нарачале и платиле за своите нови автомобили преку системот на Интернет на компанијата, а други 110.000 го покажале нивниот интерес и изразиле желба да купат автомобил Geely за краток рок.

Новиот систем за набавка на автомобили преку интернет на Geely Auto, им овозможува на потрошувачите да го конфигурираат својот автомобил, да добијат финансирање и да го осигураат својот нов автомобил од сопствениот дом без потреба од лично појавување. Испораката на новото возило може да се изврши на адреса, пред автомобилот да помине низ програма за чистење, вклучително и јонизација.

За да се избегне директен контакт меѓу двете страни во целост, Geely Auto исто така обезбеди можност да го достави клучот за палење на новиот автомобил преку дрон.

Во февруари годинава, Geely започна со продажба на својот модел ICON, кој е опремен со посебен и единствен антибактериски систем на филтрирање на воздухот.

И повеќето автосалони во Кина веќе почнаа со работа, иако со двојно помалку луѓе кои влегуваат и се распрашуваат за возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK