Внимавајте возачи: Казна од 200 евра за овој прекршок во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Многу Македонци викендите ги користат за шопинг или прошетка во Грција, и особено во Солун. Но, во иднина ќе треба многу да внимаваат бидејќи во Грција се зголемени казните за одредени сообраќајни прекршоци.

Според новите донесени промени сообраќајната полиција во Грција ќе казнува со 200 евра доколку го сопрете автомобилот во лентата наменета за автобуси.

За таа цел, ќе бидат поставени камери по трасата на автобусите за јавен превоз. Властите во земјата инсталираа и соодветни патокази со кои се забранува сопирање, стопирање и паркирање на други возила.

Мерката се воведува поради постојаните доцнења на градските автобуси, како и на повредените патници при излегување од автобусите. Самите возачи на јавниот превоз побараа помош од сообраќајната полиција и го пријавуваат ризикот од несреќи поради паркирани автомобили на постојки.

Сообраќајната полиција кај нашиот јужен сосед исто така масовно ги санкционира прекршувањата во паркирањето и запирањето на местата за инвалидизирани лица, како и на пешачките патеки.