Камион и помина преку глава – кацигата и го спаси животот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Среќа во несреќа за една жена од кинескиот град Џинхуа. Oваа жена беше прегазена од камион откако возач паркиран на лентата за паркирање отвори врата по што ја турна жената со нејзиниот скутер под камионот.

Возачот на камионот неможејќи да ја избегне несреќата ја прегази жената со задните тркала. На среќа на жената, таа го преживеа овој инцидент, и тоа токму благодарение на одличната кацига која ја апсорбираше тежината на камионот.

Како изгледаше сето ова погледнете на снимката во продолжение.

Уште еден доказ дека секогаш кога возите мотоцикл треба да се носи заштитна кацига. Нејзината функција е да ве спаси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK