Како обични возачи заработуваат илјадници евра: Ги снимаат оние кои возат пребрзо

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо полицијата, тоа го прават тие – ги снимаат возачите кои возат пребрзо и за тоа инкасираат илјадници евра месечно.

Звучи неверојатно, но е целосно вистинито. Веќе неколку години казната за пребрзо возење во Франција не зависи само од полицијата туку и од физички лица кои имаат вградено радар и камери, а кои служат како “наемни работници” на француската полиција.

Уште од 2017 година, радарската контрола Министерството за внатрешни работи на Франција ја препушти на приватни фирми кои изнајмуваат сопственици на возила за да прават радарски контроли на патиштата ширум земјата. За таа цел тие добиваат нето месечна плата во висина од 1.400 евра, а работното време е шест сати дневно.

Во моментов, полициската станица во Мобиом (Франција) има ангажирано 20-тина надворешни лица кои ја извршуваат оваа работа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK