Како моторите на BMW ги добиваат имињата?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските компании им даваат различни имиња на моторите, кои ги имаат конструирано за да им биде полесна обработката на информациите во текот на развојот и производството. Во повеќето случаи, не само интерно, обележјата на компанијата не зборуваат ништо за надворешните лица, па обично станува збор за комбинации со букви и бројки.

Сепак, зад нив секогаш има логика, со некои италијански исклучоци, се разбира. И тоа може да се проследи.

Пример за ова е моторот на новото BMW M5, кој го носи името S63B44T4. Што се крие зад оваа комбинација?

S – Првата буква го претставува „моторното семејство“, од кое доаѓа овој мотор. Во случајот S значи дека моторот е дело на M дивизијата на BMW. Обично, моторите кои не доаѓаат од М дивизијата ја добиваат буквата N (после 2001 година), а имињата на тие после 2013 почнуваат со В. Доколку наидете на мотор во BMW, чија ознака почнува со W, тогаш станува збор за мотор кој е дојде од надворешен добавувач.

6 – Оваа бројка го означува бројот на цилиндрите, но има благо разминување. Тука 6 означува дека моторот е V8. Три и четирицилиндричните се означуваат со 3 и 4. Моторите со 7 се V12 мотори, а осумките – V10.

3 – Оваа бројка го покажува бројот на смени и подобрувања, кои ги има претрпено моторот. 0 укажува на оригиналниот дизајн, а тука тројката е дека моторот бил надграден трипати.

В – Оваа буква укажува на типот на гориво. B е за бензин, како и за тоа дека моторот е позициониран надолжно. Ако е А, значи дека станувса збор за бензинов мотор, но позициониран попречно. Буквите C и D се за дизел мотори, додека Е е за електромоторите.

44 – Двете бројки го покажуваат работниот обем на моторот. 44 означува обем од 4,4 литри. Ако е 50 значи дека е 5-литарски мотор.

Т – Тоа е класата во која моторот е распореде според неговите динамички и моќни карактеристики. Најниската оценка е К, потоа следува U, па M, O, T и S. Иронично, моторот М5 не е во највисоката класа.

4 – Последната бројка укажува на тоа колку промени во дизајнот бил подложен моторот за време на неговиот животен циклус. 0 е за нов мотор, кој уште не е менуван, 4 е за мотор од петта генерација со четири промени во дизајнот.

На прв поглед е сложено, но зад секоја бројка и буква се крие интересна историја за создавањето и развојот на моторот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK