Како изгледа отпад на ретки и скапи возила (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ви треба некој дел од автомобил и истиот го нема во продажба или е премногу скап, една од опциите е да го побарате во некој отпад. Така ќе заштедите доста, а сепак ќе ја завршите работата и ќе го оспособите возилото. Но, што е со скапи и ретки возила? Каде е нивниот отпад, и има ли делови што може да се искористат.

Ако побарате информации за градот Виган во англиското грофовијата Ланкашир, еден од првите резултати ќе ви се појават е дека според некое истражување жителите во тој дел се најнесреќните луѓе во Велика Британија. Дали тоа е така можат да кажат само самите жители, но нема сомневање дека во гратчето им се наоѓа една од најтажните автомобилски збирки во светот.

Во отпадот на Виган има стотици ретки автомобили од различни брендови и различни епохи кои тука ко имаа „вечното живеалиште“. Акумулирани едни врз други, таму чекаат конечно некој да ги најде, и да искористи некој дел од Porsche, Ferrari, TVR, Lotus, Bentley и Rolls-Royce.

Фоторепортажата на сајтот Petrolicious покажува како навистина изгледа еден таков отпад. Има примероци од BMW X5, Mercedes-Benz ML и други современи автомобили. Исто така има и “ѕвезди” како Ferrari F355, што било хаварисано за време на трката Gumball 3000 во 2001 година во Источна Европа.

Ако ви треба некој дел за ваков автомобил тука сигурно ќе го најдете.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK