Како да распознавате од која земја се дипломатските возила во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Колку често среќавате возило со дипломатски таблички и се прашувате од која земја е? Во продолжение ќе се обидеме да ви помогнеме да ги распознавате дипломатските возила по дипломатските регистарски таблички.

Според меѓународните мултилатерални договори и декларации, означувањето на возила на дипломатијата во земјата се разликуваат првично по буквите на истата. Така најчесто се среќаваат: CD, CMD, CC и S.

Доколку на табличката има CD тогаш тоа е автомобил на дипломатскиот кор. CMD се користи за регистарски таблички на највисоките чиновници во дипломатскиот кор или раководителот на мисијата. S пак, се користи за недипломатски мисии во земјата. CC е резервирана ознака за конзуларните претставништва.

File:Macedonia diplomatic license plate 92-CMD-01.jpg

Првиот број пред алфабетското означување ја означува земјата од каде доаѓа дипломатијата. Во Македонија, бројот 01 е резервиран за Словенија, 02 за Турција, 03 за Велика Британија, 04 за Германија, 05 за Данска, 06 за Кина, 07 за Бугарија, 08 за Шведска, 09 за Франција и 10 за Швајцарија.

Во Македонија вкупно 76 земји и 19 организации и мисии имаат дипломатски таблички. Така покрај погоре наведените земји, следните бројки се резервирани за следните земји.

11 Холандија 19 Романија
12 Албанија 20 Чешка
13 Белгија 21 Шпанија
14 Босна и Херцеговина 22 Австрија
15 Русија 23 Хрватска
16 Италија 24 Египет
17 Финска 25 САД
18 Јапонија 26 Јужна Кореа

Интересно е што во Македонија може да сретнете дипломатски возила на дипломатијата на Буркина Фасо (76), Габон (64), Монголија (65), Бангладеш (68), Того (72), Гвинеја (67), Ангола (71), Виетнам (48)…

Од мисиите и организациите во Македонија свои регистарски ознаки имаат и ЕУПОЛ, Европската агенција за реконструкција, УНМИК, СЗО, НАТО, ИОМ, Европската Централна Банка, УНХЦР, ОСЦЕ, УНИЦЕФ, Обединетите нации, Советот на Европа, УНДП, Меѓународниот монетарен фонд…

Бројката по алфабетската ознака ја означува бројот на возилото на соодветната дипломатска мисија односно земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK