Ја купил за 440.000 а сега ја продава за 14 милиони

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатна сторија доаѓа од Велика Британија каде регистарска табличка се продава по цена од 14,5 милиони фунти.

Станува збор за регистарска табличка која содржи само два карактери и тоа “F1”, а актуелниот сопственик ја купил во 2007 година по цена од 440.000 фунти.

Станува збор за Афцал Кан кој уште од 2007 година својот автомобил е препознатлив по оваа регистарска табличка, но кој решил да ја продаде, но не по секоја цена. Досега тој добил бројни понуди кои достигнале до 10 милиони фунти, но сите тие се одбиени бидејќи Кан смета дека тие се далеку помали од очекуваната и барана цена.

Инаку во Велика Британија е дозволена трговија со регистарски таблички, но само преку надлежните органи. Оттука на Кан му посакуваме многу среќа во потрагата на купувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK