Изнервиран возач „скокна“ од пајак возило (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Дејствието се одвива во Москва, каде што сопственик на подигнато возило со пајак служба не се согласува со дејството на луѓето од локалните служби на “градски паркинг”. Возилото е подигнато поради направен прекршок, но возачот смета дека тоа не е така и не се согласува да му биде однесено со пајак служба.

Сопственикот на автомобилот сака возилото да биде симнато од пајак возилото, но вработените му објаснуваат дека ќе го почекаат полицаец да му напише казна и тогаш ќе му симнат колата.

По бурна расправија, сопственикот на автомобилот се качува во неа вклучува во рикверц и силно притискање на гаста скока од платформата.
Оштетувањата на автомобилот се големи, барем визулено кога ќе се види, отколку казната што би ја добил, но личното задоволство на возачот очигледно е поважно за него.

Погледнете го видеото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK