Италијанска работа – го казниле поради тоа што возел 703 км/ч!

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската полиција го зазема центарот на вниманието, а причината е изречена казна за пребрзо возење. Можеби на прво читање нема ништо спорно, но целата оваа ситуација станува интересна поради брзината на возење.

Така тие изрекле казна поради тоа што прекршителот возел со дури 703 км/ч. Возачот инаку управувал Ford Focus чија максимална брзина која може да ја постигне изнесува 250 км/ч.

Тоа не е доволно, па полицијата во казната ја пишала брзината која е регистрирана од страна на радарот.

Иако станува збор за очигледна грешка, сепак полицајците не се посомневале во точноста на податокот од радарот. Казнетиот возач за овој прекршок доби казна од 850 евра и 10 казнени поени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK