Историјата на успешен бренд: Skoda слави 125 години (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Преку таканаречениот период Адвент (од 29 ноември до Божиќ) во 1895 година механичарот Вацлав Лаурин и продавачот на книги Вацлав Клемент ги поставуваат темелите на денешната компанија Skoda Auto. Историјата на брендот долга 125-години почнува од велосипедите. И двајцата основачи ја делат страста кон велосипедите и како резултат на тоа сакаат да им понудат на своите клиенти велосипеди кои се изработени од најдобрите достапни материјали, но и покрај тоа се достапни со цена.

Во својата мала работилните тие и тројцата вработени произведуваат тркала, а само една година подоцна веќе имаат 21 вработен кои произведуваат пет различни модели на велосипеди, кои го носат името „Славија“.

Laurin и Klement ја сфатија потребата од индивидуалната подвижност и постојано ја развиваа понудата на модели. На 18 ноември 1899 тие пред јавноста ги презентираат првите мотори L&K, типовите Slavia A и B. Моторот е инсталиран во долниот дел од рамката со цел полесна работа и поголема стабилност.

Кон крајот на 1905 година компанијата од Млада Болеслав го претставува првиот автомобил: Laurin & Klement Voiturette A. Лесната и маневарска конструкција од Чешка има еднолитарски двоцилиндричен мотор и може да достигне брзина од 40 км/ч.

Помалку од една година после влегувањето во автомобилската индустријата понудата на брендот вклучува и два и четирилитарски модели. Со првиот осумцилиндричен автомобил, произведен во Европа, тип FF од 1907 година, L&K го зацврстува својот престиж на одличен производител на автомобили.

Во 1925 година, L&K се спојува со стратешкиот партнер – групата за производство за машини, Skoda која е со седиште во Плзен. Со спојување се создава основа за понатамошната историја за успех во претприемништвото. Оттогаш наваму крилестата стрела во логото на брендот симболизира брзина и напредок. Брзо после спојувањето Skoda го зголемува своето производство во Млада Болеслав на ефективна линија за склопување.

После Втората светска војна, компанијата е национализирана, но ја зачува традицијата дури и во тешките услови на планираната економија. Фабриките во Квасини и Врхлаби го прошират производствениот капацитет и компанијата самостојно развива нови модели. Легендарната прва Octavia од 1959 година и пргавиот кабриолет Felicia се доказ за инженерскиот дух на таа ера.

Во 1989 година, годината на глобалноиот политички потрес и падот на Железната завеса, компанијата стартува со значителна предност во однос на конкуренцијта, моделот Skoda Favorit, претставен во 1987 година. Хечбекот, проектиран со јасни италијански линии има модерен дизајн со попречно лоциран мотор напред и погон на предните тркала. Овој модерен автомобил е клучниот аргумент за најголемиот европски производител на автомобили Volkswagen Group, да ја купи Skoda. На 16 април во 1991 година, Skoda станува четвртиот бренд кој ја проширува групацијата Volkswagen Group.

Благодадение на соработката со Volkswagen, нивото на квалитет се зголемува. Skoda ја проширува понудата со модели од повисоките класи и на долгорочен план навлегува во други атрактивни пазарни сегменти како тој на СУВ автомобилите.

Со хибридниот модел на полнење, Superb iV и целосно електричниот CITIGOe iV, брендот навлегува во ерата на електричната мобилност во 2019 година. премиерата на првиот модел Skoda Enyaq iV 2020, врз основа на MEB платформата на VW Group, е следниот голем чекор на овој пат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK