Имиња на автомобили кои не треба да се преведуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Кога кумовите ќе згрешат, тогаш преводот на името воопшто не е потребен. Низ историјата има(ло) бројни такви примери, па и денес се зборува за имињата на автомобилите со невообичаен превод.

Во Бразил, Ford во минатото го продаваше моделот Pinto. Токму овој назив во оваа земја се користи за “мал пенис”. Chevrolet во Бразил и околните земји го продаваше моделот Nova, а ова име и не беше добро прифатено во централниот дел на Бразил каде овој збор се преведува како “не оди”.

Моделот Lettuce на Mitsubishi во превод значи “салата”, а Daihatsu продаваше модел под името Naked што во превод од англиски значи “гол”.

Популарниот модел 2CV или попознат како Спачек, во разни земји има најразлични имиња и надимаци. Така овој модел во различни европски земји може да се сретне како жаба, коза, два коња, патка…

За Ford Escort и не е потребно да се објаснува преводот т.е. значењето, но и покрај овој назив овој автомобил забележа одлични продажни перформанси.

Во земјите од шпанското говорно подрачје да се поседува Mitsubishi Pajero и е малку срамно. Тоа е така поради преводот на зборот Pajero што значи дркаџија. Тука би ги додале и автомобилите Lamborghini merak, Ford Kuga, Ford Puma…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK