Имате вакво BMW? Денес вреди неколку милиони евра!

ОБЈАВЕНО НА:

Од автомобил со очајна продажба кој го втурна BMW во банкрот до еден од најбараните денес, моделот 507 на германскиот производител е вистински хит меѓу колекционерите.

Продажбата на овој автомобил започна кон крајот на 50-те години, а првичната продажба била толку лошо што го втурнале германскиот производител на работ на банкрот. Историски гледано, примероци од овој автомобил поседувале легендарниот Елвис Присли, глумецот Фред Астер, принцот од Монако и други познати личности.

Амбициите на BMW биле годишно производство од 5.000 примероци кои се продавале по цена од 5.000 долари. Сепак есапот на маса и на пазар било многу различен. Производството на еден примерок го чинеле BMW 10 илјади долари што еквивалентно на денешната парична вредност изнесува 96.000 американски долари.

Германците брзо сфатиле дека овој автомобил не е исплатлив за производство па се на се произвеле само 250 примерока.

Токму ендемичноста на овој автомобил е она што го прави денес многу баран на пазарот. Така пред само две години еден примерок во одлична состојба бил продаден на аукција за 5 милиони долари, а во февруари годинава друг примерок е продаден за 2,35 милиони долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK