Иднината пристигна – продадени 800 летечки автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Иднината доаѓа со забрзано темпо. Барем тоа е така кога е во прашање автомобилската индустрија која забрзано ги интегрира напреднитет технолошки системи.

Ако големите производители како Audi, BMW, Tesla, Volvo, Mercedes се фалат со највисокото ниво на автономија во автомобилите односно самовозечките автомобили, компанијата Samson Sky оди чекор понапред и успешно развива летечки автомобили. Се започнува во 2009 година кога е претставен концептуалниот модел Switchblade кој тогаш е најавен како возило од иднината.

Се чини дека иднината многу брзо пристика, а доказ за тоа е бројката од 800 примероци кои веќе се резервирани, а резервациите доаѓаат од 24 земји од светот, најголем дел од нив високоразвиени како што се САД, Германија, Канада, Јапонија, Кина итн.

Карактеристично за овие летечки автомобили е дека располагаат со 190 КС, максималната брзина во воздух изнесува 322 км/ч додека на земја може да достигне брзина и до 201 км/ч. За да може да полета или да слета на земја неопходна е писта долга од 355 метри, па оттука користеето на овој автомобил бара неопходност од ваков тип на инфраструктура.

Останува ејасно дали и колку овие автомобили ќе бидат широко прифатени, со оглед на тоа што самите тие имаат неопходост од дополнителна инфраструктура, но и самиот факт што воздушниот простор е строго контролиран од страна на надлежни агенции за контрола на воздушниот простор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK