Hyundаi Kоnа си обезбеди место во Гинис

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот рекорд за најголемата надморска височина достигната со електромобил е во сопстеност на Hyundаi Kоnа. Корејскиот кросовер успеал да искачи 5731 метар на преминот Саул во Тибет.

За време на експедицијата Kоnа требало да се справи со сложени делови на патот и тоа во услови на врнежи на снег и поледица.

По патот електричниот кросовер бил полнет со преносен уред, а при спуштање уредот бил надополнуван од системот за рекуперација при кочење.

Досегашниот светски рекорд за најголема височина, која била достигната со електромобил била во сопственост на NiО ЕS8. На 24 септември минатата година кинескиот модел достигнал до глечерот Пурог Кангри во Тибет на 5 715,28 мeтри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK