GTA и Fast & Furious се главните виновници за агресивното возење

ОБЈАВЕНО НА:

GTA, Fast & Furious и останатите компјутерски игри се најголемиот виновник за агресивното возење кај возачите, покажува последната студија. Според студијата, 40% од испитаните 1.000 возачи изјавиле дека агресивните видео игри прават лошото возење да изгледа навистина кул.

Еден од три возачи се изјасниле дека филмовите и ТВ серијалите имаат влијание врз нивното опасно возење. 29% од испитаниците се сложиле дека филмовите како The Fast and The Furious имаат негативно влијание врз нивното возење.

Експертот Никола Морган во студијата кажува дека последниот дел кој се развива во мозокот на тинејџерите е фронталниот кортекс кој всушност претставува контролен центар. Овој дел се развива во тинејџерските години па кога младите во овие години се изложени на агресија тогаш тие истата ја прифаќаат и неретко во понатамошниот дел од животот ја применуваат.

Во студијата која е спроведена во Велика Британија се вели дека и еден од пет возачи почетници е учесник во сообраќајна незгода уште во првите пет месеци по добивањето на возачката дозвола.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK