Годините не се пречка да се остварат желбите: Дедо на 100 години си купи електромобил (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Старецот Луи Моро кој живее во Јужна Франција и пред извесно време наполнил 100 години има нов автомобил.

Симпатичниот дедо нема никаква намера да се повлече од патиштата и за својот роденден си подарил Rеnаult Zое, за да може да биде во чекор со современите технологии. Воедно сакал да допринесе и за зачувувањето на животната средина.

Моро целиот свој живот ја сакал техниката. Семејството му било едно од првите во градот кој имал машина за перење. И покрај тоа што е веќе има 100 години, возраста не е никаков проблем за Луи за да ги следи новитетите.

„За мене водечка е грижата за екологијата. Многу се грижам за иднината на моите правнуци кои се на возраст меѓу 11 и 25 години“, вели Моро.

Изборот на Zое нe бил cлучaeн. На почетокот на 50-тите години на минатиот век неговиот прв автомобил бил Rеnаult 4СV. Потоа сменил шест R5, двe R12 и неколку возила „clio“.

Поранешниот индустриски дизајнер никогаш нема проблеми со возењето. Живее на село, а најблиската продавница се наоѓа на три километри, па тој не може без автомобил.

Дедото купил електромобил на старо и го користи секој ден. Освен за пазарување Моро го користи автомобилот и за да го посетува својот стар пријател, кој живее на девет километри.

Возилото Renault Zoe го полни во шталата и гледа тоа да биде во сабота навечер за да може да биде наполнето за целата следна седмица.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK