Го има само во Шведска: Пат за полнење на електромобили во движење (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шведска е првата земја која почна да тестира пат на кој можат да се полнат батериите на електровозилата, а таа е и првата земја која отвори ваков пат по кој возилата можат да се движат.

Патот се наоѓа во близина на Стокхолм односно го поврзува аеродромот Арланда со логистиката во самиот град и тоа во должина од речиси два километри.

Автомобилите и камионите на електричен погон ќе можат да се полнат на оваа делница додека патуваат со помош на иновацискиот систем за пренос на енергија. Возилата ќе имаат можност да се поврзат со „електрична“ шина која е вградена во патот.

Шведска има намера до 2030 година да го смали бројот на возила кои користат фосилно гориво за 70 проценти од актуелната бројка, а овој пат е само еден од неколкуте проекти кои ги почна управата за сообраќај во земјата.

Јужна Кореја и Кина исто така вложуваат во развој на соларните, електромагнетни патишта на кои полнењето на автомобилот и камионите се врши безжично, со цел да се намали емисијаа на штертни гасови.

Сепак, патот во Шведска е првиот од ваков тип во светот. Предноста е во тоа што доколку се инсталира во целата земја се овозможува електричните автомобили да имаат помали батерии, а тоа ќе го поевтини и нивното производство.

Инаку, на „електричната“ шина временските услови нема да имаат никакво влијание без разлика дали врне дожд, снег или има мраз на патот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK