Го фатиле со рекордни 5 промили алкохол во крвта!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако постои Гинисов рекорд тогаш овој возач сигурно ќе конкурира за висока позиција. Да се пофалиш со големо количество алкохол во крвтта и не е баш многу добро.
Тоа покажува колку не ги почитуваш законите, и истовремено ги загрозуваш и другите учесници во сообраќајот. А, ако имаш и пет промили во крвта тогаш сигурно си и повеќе од обичен пијаница.

Ова се случило во Украина, поконкретно во областа Киев, каде што локалната полиција го запрела возачот на автомобили за контрола. По тестот на возачот се покажува дека има рекордни 5 промили алкохол во крвта, што е еквивалентно на околу еден литар водка.

А полицијата ваквите случаеви знае и да ги објави и на социјалните мрежи. Според заменик-началникот на полицијата Алексеј Билошицки, патролата го запрел автомобилот со марка Renault, кој буквално се движи од тротоарот до тротоарот на патот. Првично, полицијата сметала дека возачот е болен, но кога го сопреле го установиле спротивното, и било многу весело.

Полицијата вели дека човекот тешко стоел на нозе и зборувал речиси несфатливо. Тој е испратен на трезнење, а потоа бил тужен по брза постапка.

Нема информација колкава казна добил, но возење во алкохолизирана состојба значи не само парична казна, туку и одземање на возачката.

За потсетување, дозволеното количество алкохол во крвта во Македонија е 0,5 промили, а потоа следуваат високи казни за оние што ќе решат да ги прекршат законите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK