Ги лажел полицајците дека брза на тест за корона, па добил оригинална казна

ОБЈАВЕНО НА:

Кога возите со брзина од 160 км/ч на место каде што ограничувањето е само 70 км/ч тогаш мора да имате навистина добра причина за да брзате толку или во ист момент влегувате во огромни прголеми. Вакво нешто му се случи на жител на Сиена, кој бил уловен на радар од полицијата.

„Брзам во болница на тестирање за корона вирус“, било оправдувањето на возачот на Lamborghini Huracan.

После кратко „надмудрување“ и измена на аргументите на полицајците им станало јасно дека возачот се обидува да ги измами на истиот оној начин на кој во школските денови учениците секогаш се струдат да ги оправдаат изостаноците поради тежок испит.

Затоа возачот добил оригинална казна. Привремено останал без возачка дозвола, а полицајците го испратели веднаш во 14-дневна самоизолација. Инаку, од разни делови на светот секојдневно пристигаат вести за несовесни возачи кои дивеат по патиштата, но и полицајците не спијат…