Германците објавија извештај: Кои автомобили се најквалитетни?

ОБЈАВЕНО НА:

Германската организација TÜV, која се занимава со технички прегледи во земјата, објави листа на возила, класификувани според возраста, со најмалку и најмногу проблеми. Обработени се дури (9) девет милиони возила, па во репрезентативноста на примерокот не треба премногу да се расправа.

Во оваа статистика се вклучени општи прегледи на возилата кои се спроведени од јули 2019 до јуни 2020 година, а официјалниот назив на статистиката е „TÜV Report 2021“.

Главните категории во прегледот се: предните и задните светла, кочниците, губењето на масло, функционирањето на кочниците, функционирањето на рачната кочница, трепкачите, управувачкиот систем, жиците на сопирачките, корозија, издувниот систем, контролната единица на моторот…

Како и минатата година, големиот победник е „СУВ Mercedes-benz GLC, кој во категоријата до три години старост има само 1,7 отсто проблеми. На второто место е B-Klasse со 2,2 отсто недотатоци во истата категорија на старост, а веднаш зад неа е Opel Ingsignia со 2,2 отсто.

Погледот на статистиката покажува дека квалитетните автомобили не мораат да бидат скапи (особено во постарите години) и дека квалитетот веќе не е нешто што исклучително се поврзува со премиум производителите. На пример, возилата како што се Мazda 2, Оpel Аdam или Honda Jazz достигнуваат оценка со ниска стапка на дефект на првиот општ преглед после три години.

Главните стапки на недостатоци: 3,7 отсто Opel Adam, 3,9 отсто Honda Jaz или 4,5 отсто Mazda 2. Сепак, малите автомобили го задржуваат квалитетот со години. Тоа го потврдува и погледот кон оценката на седумгодишните: Opel Adam 10,3 отсто, Mazda 2 10,5 отсто и Honda Jaz 11,7 отсто. И тоа после минати 61.000 до 68.000 километри.

Најдобри во класите

Во класата на микроавтомобили Opel Adam победува веќе четвртипат по ред (3,7 отсто). Во категоријата на мали автомобили Audi A1 повторно го зазема првото место (3,3 отсто). Промената во компакната класа – Hyundai i30 (2,5 отсто) ја заменува А-Klasse на Mercedes.

Победата во средната класа ја презема Opel Insignia (2,2 отсто) од минатогодишниот победник Mercedes C-Klasse.

Во класата миниван најдобра е B-Klasse (2,2 отсто). Вкупниот победник Мercedes GLC (1,7 отсто) по вторпат е СУВ победник.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK