Германец поминал 900.000 километри со Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Германецот Хансјорг Геминген постави несекојдневен рекорд со својот Tesla автомобил. Со неговиот автомобил Tesla Model S успеа да помине 900 илјади километри што е своевиден рекорд.

Овој возач за својот успех се пофали на својот официјален Twitter профил каде наведе дека конечно успеал да го надмине својот рекорд. При тоа тој за сите овие изминати километри сменил само еден пакет на погонски батерии па во моментов вози на вторите.

Претходно Геминген постави рекорд со првата генерација од Roadster поминувајќи 620 илјади километри, а подоцна годинава со моделот S се очекува да ја надмине бројката од 1 милион поминати километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK