AFV, REX, PHEV, BEV: Што значат кратенките кои ги има кај новите автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу нови видови на автомобили се појавија на автопатиштата, а со нив доаѓа и терминологијата, која е прилагодена на технолошките чекори.

Новите времиња носат и нови обичри, а ова се кратенките кои идат со денешните автомобили или процедури на мерење на потрошувачката на гориво.

Во продолжение погледнете што навистина се крие зад нив.

AFVs Alternative Fuel Vehicles – возила кои не се напојуваат од  бензински или дизел мотори.

BEV Battery Electric Vehicle – возило на електричен погон.

EV Electric Vehicle – сите возила на електричен погон (ги вклучува и оние на гориво на ќелии на водород)

HEV Hybrid Electric Vehicle – хибридни возила односно комбинација на електричен или бензин односно дизел мотор.

ICE Internal Combustion Engine – автомобил со мотор со внатрешно согорување.

MHEV Mild Hybrid Electric Vehicle – возило со мотор со внатрешно согорување и мајлд хибриден состав односно електричен генератор. Овие возила, за разлика од HEV не можат да возат само на електричен погон во ниту еден момент.

NEDC New European Drive Cycle – тест за утврдување на емисиите на штетни гасови и потрошувачка на гориво.

PEV Plug-in Electric Vehicle – BEV и PHEV заедно.

PHEV Plug-in Hybrid Electric Vehicle – хибрдино возило во кое батеријата може да се полни и со надворешен штекер. Тие возила главно имаат домет од околу 50 километри само на струја.

REX Range Extender – кога батеријата на електричниот автомобил ќе се испразни, некои возила какооние од постарите генерации на BMW i3 имаат и мал бензински мотор кој помага и го напојува електромоторот. Тоа е таканаречениот range extender или најпросто продолжувач на осегот.

WLTP Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure – новиот систем за мерење на потрошувачката на гориво и емисија на штетни гасови која го менува NEDC.

Веројатно сега ќе ви биде полесно да знаете за какви возила станува бзор кога ќе прочитате на некое возило некоја од овие кратенки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK