Фудбалските ѕвездите се лоши возачи: Вејн Руни заработи двегодишна забрана

ОБЈАВЕНО НА:

На терен се одлични, неприкосновени, идоли на многу деца, но не секогаш се однесуваат добро надвор од фудбалскиот терен. Ѕвездата на Евертон, Вејн Руни заработи двегодишна забрана за возење на патишта откако беше осуден за возење во пијана состојба.

Истовремено му е одредена и општествено полезна работа од 100 часови во тек на 12 месеци. Во изјава за медиумите Руни вели дека „сака да се извини за однесувањето што не може да биде простено и возењето над дозволената граница“. Истовремено ја прифаќа казната и им се извинува на сите навивачи, подржувачи, клубот и семејството.

Тоа значи дека извесно време возилата ќе мора да му бидат паркирани во гаража, како што се BMW i8, тјунираниот Range Rover или Audi ABT SQ7.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK