Франкештајн од Москвич, Audi, Mitsubishi, Chevrolet и Renault (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Многу интересен експеримент донесе уште поинтересен автомобил добиен со вкрстување меѓу Москвич 2141 со Mitsubishi Lancer, Chevrolet Aveo, Renault Clio и Audi 80.

Секако тоа е предизвик на кој можат да одговорат само големите авантуристи.

Тешко е да се поверува дека на трезен човек би дошол до ваква идеја, но тоа не се однесува на самоуките мајстори од огромното советско пространство.

Во случајот станува збор за непознат Украинец, кој за 1500 долари го нуди своето дело што е практично Москвич, но со фарови од Lancer X, дело од Aveo, волан од старо Clio и мотор и менувач од Audi 80.

Тешко е да се погоди од какво возило се посајмени седиштата, но возилото е уште еден Франкештајн автомобил, кој доаѓа од исток во многу лоша состојба.