Fifth Gear се враќа на екраните

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на британската автомобилска емисија Fifth Gear веќе работи на снимањето на новата сезона. Оваа информација ја сподели водителот Тиф Нијдел на Твитер, што значи дека шоуто се враќа на екраните.

Пред две години се случи повлекување на ова шоу поради финансиски проблеми, но очигледно е дека тие се надминати, па новите епизоди ќе почнат да се емитуваат од септември.

Заедно со Тиф Нијдел на екренот се враќа и вториот водител Џејсон Плејто, додека учеството на Вики Батлер-Хендерсон и Џони Смит е неизвесно.

Професионалниот пилот Тиф Нијдел со создаде Fifth Gear во 2002 година кога BBC го запре претходниот проект Top Gear.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK