Електромобилите имаат проблем – полнењето уште е загатка што треба да се реши, а не е ни евтино

ОБЈАВЕНО НА:

Во обемна пазарна анализа за списанието „Edison“ биле истражувани покриеноста и цените за типичните електрични возила со водечки пазарни услуги за полнење. Резултатот не е пријатен – трошоците за електрична енергија можат да варираат силно за една и иста километража.

Електричните автомобили и понатаму се соочуваат со одреден тип на проблеми, а еден од нив е тоа што кога ќе снемаат електрична енергија брзо остануваат во место. Инфраструктурата за полнење е сè уште сериозен проблем дури и во земја како што е Германија. Доколку возите до станица за полнење без специјална карта тогаш можете да останете изненадени.

Покрај та сега има и дополнителни трошоци за долгорочни полначи. На почетокот на октомври EnBW воведе „такса за блокирање“ после четири часа од полнењето, секоја дополнителна минута чини по 9,75 центи, како дополнение на цената за електрична енергија. Maingau Energie воведе и додаток за експлоатациски живот.

Колку возачите на електрични автомобили ќе треба да плаќат за електрична енергија, кога треба да доjдат до станица за полнење во движење? Тоа го утврдија технолошките и консултантските компании THEON Data Solutions, P3 и CIRRANTiC во актуелната споредба „E-Mobility Excellence“ за списанието „Edison“.

Предвид се земени тарифите и дополнителните трошоци на осумте најголеми доставувачи на картички за полнење во Германија. На возачите на електричните автомобили резултатите нема да им се допаднат бидејќи пазарот за јавно полнење е исклучително сложен и збунувачки од гледна точка на клиентот.

Големиот број на услуги за полнење со нивниот широк спектар на модели на цени и тарифи го отежнуваат изборот на вистинската услуга. Меѓутоа, деталната споредба вреди – цените во една и иста станица за полнење можат да се разликуваат драстично дури до 100 проценти во зависност од користената услуга за полнење.

Особено кај профилот на возач, кој не може да полни дома, на пример бидејќи живее во голема град и зависи од јавното полнење, трошоците варираат исклучително многу. Со годишна километража од околу 15.000 километри, возачот на компактен електричен автомобил со батерија од 40 кВтч плаќа во просек 1602 евра годишно при полнење со картичка Shell-Recharge од NewMotion.

Сопствениците на поголеми електрични автомобили треба да ја стават раката подлабоко во џебот. За E-SUV со батерија од 75 кВтч која консумира повеќе електрична енергија годишната сума на електрилна енергија со Shell Recharge чини во просек 2.337 евра.

„Без да го погледнете во апликацијата за да видите какви трошоци треба да се очекуваат на соодветната станица за полнење, ризикувате да платите навистина многу. Таривните модели како EnBW Mobilitty+, за кои е потребна иста цена на станиците за полнење од различни оператори се поедноставни и разбирливи“, вели директорот на THEON Data, Лудвиг Хоенлое.

Која картичка за полнење обезбедува најевтино плаќање за електрична енергија? Победникот во споредбата „E-Mobility Excellence“ од 30 септември 2020 година е картичката за полнење од Stadtwerke München во Stadtwerkeverbund Ladenetz.de. Во профилот на потрошувачката на возачи кои често возат, кои можат да полнат електрична енергија во својот дом, општинските комунални услуги достигаат годишна цена од 953 евра.

Снабдувачот со електрична енергија EnBW изостана од тестот со трошоци од 1038 евра, и покрај една од најголемите мрежни покриености. Сепак, EnBW веројатно ќе стане поскап во следните три месеци поради таксата за блокирње на долгорочните полначи. На третото место е снабдувачот Maingau Energie со трошоци за електрична енергија од 1.436 евра годишно. Shell е на 5.место со просечна цена од 1.565 евра зад DKV (1.525 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK