Електрификацијата на САД ќе чини 454 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Сенаторот од Демократската парија, Чак Шумер предложи градиозен план за САД за префрлање од автомобили со внатрешно согорување на електромобили. Стратегијата предвидува во следните десет години во електрификацијата на личниот транспорт да бидат инвестирани 454 милијарди долари што е рамно на 409 милијарди евра.

Од оваа сума 392 милијарди долари ќе бидат потрошени за субвенционирање на набавка на електромобили. Државна помош ќе добиваат сопствениците на возила во движење на возраст од најмалку осум години, кои ги менуваат со нов автомобил на струја, водород или хибрид.

Субвенциите ќе варираат од 3.000 до 5.000 долари плус 2.000 долари за социјално послабите купувачи, кои ќе одберат електромобил произведен во САД. Шумер е убеден дека помошта ќе помогне да бидат заменети барем 25% од автомобилите со внатрешно согорување или 63 милиони возила во земјата со автомобили на струја за само десет години.

Планот на сенаторот „драстично го намалува бројот на превозни средства со емисија на јаглерод, а ќе создаде илјадници добро платени работни места и ќе го забрза достигнувањето на нула јаглеродни емисии кон средина на векот“. Околу 45 милијарди долари ќе бидат инвестирање во инфраструктура за полнење во САД, а 17 милијарди долари во насочување на компаниите да прават нови фабрики и да го пренаменат старите за производство на електромобили и апарати за полнење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK