Донација: Универзитет доби колекција автомобили вредна 10 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Факултетите и универзитетите често добиваат донации. Меѓутоа ретко кој универзитет може да се пофали со донација каква што доби Фулертон универзитетот во Калифорнија. Овој универзитет, верувале или не, доби колекција на класични автомобили вредна околу 10 милиони американски долари.

Колекцијата составена од 15 класични спортски автомобили беше донирана од страна на Николас и Ли Бегович, долгогодишни поддржувачи на овој универзитет. Бегович, чие потекло е од просторите на поранешна Југославија својата колекција на автомобили ја започнале уште во раните 50-ти години на минатиот век, а при тоа успеале да купат повеќе од 30 автомобили. Донираната колекција содржи автомобил Pegaso Z-102 кој е само еден од 84 примероци произведени досега.

Во колекцијата се наоѓаат и Talbot Lago Grand SPort, Jaguar XK120, Porsche Speedster 1600 Super, Alfa Romeo Giulietta Sprint Speciale, Porsche 904 GTS. Во донираната колекција се наоѓа и неверојатниот Lamborghini Miura од 1969 година, DeTomaso Pantera од 1973 година како и Maserati Bora od 1974 и Ferrari Dino 208 GT4 од 1975 година.

Импресивно, зар не?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK