Џејми Оливер го тестираше новиот Range Rover Evoque (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Џејми Оливер – кралот на кујната е главната ѕвезда во најновата реклама за новиот Range Rover Evoque.

Во видео рекламата објавена на официјалниот YouTube канал на Land Rover, Џејми Оливер ги потенцира можностите на втората генерација на Evoque. Од урбан заводник до вистински теренец кој без проблем може да одговори на сите услови и во сите окружување.

Инаку втората генерација на овој доста популарен модел доаѓа со не толку екстериерни и интерниерни промени. И покрај тоа овој модел има и натаму модерен и привлечен изглед. Познатата маска на ладилникот и подновените LED светла и натаму се доминантни на предниот дел.

Најголемата измена е во димензиите. Така новата генерација има за 20 мм поголемо меѓуоскино растојание, но и покрај тоа должината остана на 437 см. Тука е и помалиот препуст на задниот дел во однос на актуелната генерација.

Повеќе за новата генерација на Evoque можете да прочитате ТУКА.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK