Деца украле автомобил и поминале 900 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Детската игра и фантазија може да се претвори во одлична авантура и забава за нив, а вистински хорор за нивните родители. Накратко тоа може да се заклучи од несекојдневен настан во Австралија каде деца украле Nissan Patrol со кој поминале 900 километри патувајќи по источниот брег на земјата.

Главни актери во оваа “игра” се момчиња на возраст од 13 и 14 години како и девојче на 10 годишна возраст. Тие го украле автомобилот товарен со трски за ловење на риби во државата Квинсленд, а потоа се упатиле кон југ.

По поминати нешто повеќе од 900 километри тие беа сопрени од полицијата која ги врати децата во своите домови откако им била земена изјава во присуство на родителите.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK