Илјадници пчели окупираа возило за неколку минути

ОБЈАВЕНО НА:

Приказна, раскажана од пожарната служба во Лас Крусес, покажува како пожарникарите успеваат одлично да се справат не само со оган туку и со голем број на други проблеми. Во ситуацијата се работи за неколку илјади пчели, кои избрале случаен автомобил за свој дом. Случката се одвива во гратчето во Њу Мексико, а за ново место на живеење е одбран стар Buiсk.

Маж, чие име не се споменува, го позајмил автомобилот од пријател, за да отиде до блискиот супермаркет и поради топлото време го оставил автомобилот со отворен прозорец.

Додека човекот купувал во маркетот, а тоа траело десет минути. Се вратил кај возилото во багажникот и тргнал кон домот, а притоа воопшто не забележал што се крие во задниот дел од возилото.

Откако поминал неколку километри, успеал да види илјадници пчели и веднаш се јавил во локалната пожарна. Оттаму веднаш побарале еден од своите колеги кој не бил на смена, а се занимавал со пчели.

Тој веднаш одговорил на повикот и успеашно успеал да ги ивади пчелите од автомобилот, а подоцна утврдил дека тежат над 1,6 киломграми. Подоцна се преместени во кошница, која била сопственост на пожарникарот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK