Десет работи за Porsche кои можеби не сте ги знаеле (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Доктор Фердинанд Порше во 1931 година во центарот на Штутгарт ја основаше фирмата со назив “Dr. Ing. h. c. F. Porsche GmbH”, а тогаш никој не можел ниту да замисли дека ова презиме ќе стане така славно во автомобилската индустрија.
И денес има многу работи коишто се непознати за овој славен произведувач на автомобили од соништата, па секако е интересно да се дознае сето она што е поврзано со идејниот творец на големата компанија.

1. Логото на компанијата Porsche се состои од два грба. Главниот дел на самиот знак на славната марка е практично грбот на некогашната држава на слободните луге во Вутемберг од кое се тргнати елените, додека центарот на овој знам е грбот на градот Штутгарт. Да биде работата подобра, Фердинант Порше не е единствената личност која се поврзува со логото на Porsche туку и Алберт Ајнштајн кој е роден во Вутемберг.

2. Првото некогаш произведено Porsche се викало „64“. Никогаш не било објавено според што точно овој модел го добил називот, но она што е факт е дека со славната „Буба“ дели поголем дел од компонентите на моторот, шасијата и управувачката единица.
Перформансите биле многу дискутабилним со оглед на тоа што под хаубата на тој автомобил од 1939 година биле само 50 коњски сили. Сепак, „64“ уште при самото појавување го покажа патот по кој оваа компанија ќе се движи и затоа е со голема вредност.

3. Трагичната смрт на јунакот од филмот „Бунтовник без причина“, Џејмс Дин остана запишана зад името на Porsche 550 Spyder. Тоа е моделот на колата во која загина актерот, но верувале или не овој модел е познат и по друго. Се работи за првата измама во светот на авто-спортот.
При славната трка Mille Miglia одржана во 1954 година возачот на 550 Spyder, кој се викал Ханс Херман го користел својот екстремно низок автомобил до максимум и поминувал под затворените рампи.

4. Кога во седумдесетите години на минатиот век Porsche 917 ја уништуваше конкуренцијата на 24 часа Le Mans, малку кој знаел со што располагал овој легендарен автомобил. Некое детали ниту денес не се познати, но она што со сигурност се знае е фактот дека истиот имал околу 1100 коња на трката, како и речиси 1600 во квалификациите што му овозможувало стигне до стотка за околу 2,5 секунди и да развие максимални 400 километри на час.

5. Моделот 928 се одалечи од денес најпознатиот модел на сите времиња Porsche 911. Визионерите во Porsche осмислија знак на некои нови времиња. Кај 928 во склоп на опремата првпат беа понудени визири за сонце и напред и назад.

6. Porsche 935 беше посебен автомобил по многу нешта. Тој е еден од најтрофејните модели на Porsche на патеките, а вреди да се спомене и тоа дека е еден од најекстремните тркачки автомобили на сите времиња. Популарсноста беше толку голема што се појави и во „Трансформери“ како еден од автоботите.

7. Патеката „Зелениот пекол“ на Nürburgring Nordschleife со Porsche 956 во 1983 година, Штефан Белоф ja мина за 6:11.130. Тоа беше патека долга 20,8 километри, а имаше просечна брзина од 200 километри на час. Овој рекорд е актуелен и денес и никој не успеа да го надмине повече од 30 години.

8. Дали некогаш сте слушнале за Porsche “Super“? Веројатно не. Нема ништо чудно во тоа доколку не се занимавате со земјоделие. Моделот „Super“ не е никаков спортски автомобил наменет за тркање туку трактор. Има 38 коња, како и 2,6 литарски четиритактен мотор со воздушно ладење. Ваков примерок одржуван во совршена состојба бил продаден за сума од 1,2 милиони евра.

9. Логовците на познатите автомобили се наоѓаат на секакви глупости. Ferrari има своја линија на машки парфмеми, Lamborghini има свои цигари, додека Porsche има редица на преценети работи кои секоја година излегуваат од Porsche Design. Во понудата има мобилни телефони, куфери, часовници, апарати за во кујна, алати, како и наргиле со име “Shisha 2.1“.

10. Магазинот “Men´s Health” го споменува Porsche како најмасовното превозно средство на прељубниците. Според она што стои во текстот прељубниците во богатите друштвени слоеви во Велика Британија во преку 50 проценти како превозно средство бираат возило од Porsche.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK