Cвaдбар со Lamborghini Аvеntаdоr влета во кaнaл (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобил Lаmbоrghini Аvеntаdоr Rоаdstеr наместо да биде „главната ѕверка“ се најде на првото место на оговараните на свадбат откако возачот изгуби контрола над возилото и излета од патот. Посмевањето е дека автомобилот на крајот заврши во канал покрај патот.

Полицијата која пристигнала на местото на несреќата не открила кој бил зад воланот. Очевидци раскажале дека возачот едноставно се префрлил во друго возило, за да успее да дојде до ресторанот и да продлжи со славењето.

На прв поглед возилото Lamborghini не изгледа дека е многу уништено, но за последиците од навлезената вода во него само може да се нагаѓа. Цената на ваков роудстер варира меѓу 250.000 и 650.000 евра.

Според неофицијална информација сопственикот го дал возилото на свој пријател да го вози. Полиција го бара возачот, кој најверојатно ќе одговара поради напуштање на местото на инцидентот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK