Чудно ама вистинито: Пуштен во употреба семафор за камили!

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските власти го пуштија во употреба првиот семафор за камили во светот. Првиот ваков семафор во светот е поставен во неделата во кинескиот град Дунхуанг, пренесуваат кинеските власти.

Овој регион со години привлекува многу туристи. Во последниве години, сè повеќе луѓе доаѓаат на овие простори за да уживаат во јавањето камила.

Бидејќи бројот на туристи и камили се зголеми, властите во меѓувреме смислија начин да ги решат гужвите што се појавија поради зголемувањето на тури за јавање.

Покрај решавањето на потенцијалните гужви на овој начин, властите успеаја да привлечат повеќе туристи од целиот свет кои покрај јавањето и другите убавини на овој град, доаѓаат да го видат и да се сликаат покрај првиот семафор за камили .

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK