Брендови што најчесто се рентаат: Како е во Македонија (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

При патувања најчесто средство за разгледување на околината, градот или регионот е да имате автомобил. Ако не патувате со него, најлесно е да го изнајмите. Ќе бидете мобилни и можеби тоа е поевтино од користење на такси.

Интернет сајтот discovercars.com објави географска мапа со податоци за најрентаните брендови по земја. Иако можеби на прв поглед доминира жолтеникавата боја, сепак не може да се каже дека Toyota има глобална доминација. Возилата од овој бренд најмногу се рентаат во Канада, САД, Тајланд, Јужна Африка, Замбија, Танзанија и Нов Зеланд.

На “Стариот континент” најпопуларен бренд за рентање на возила е Volkswagen. Овој бренд е најпопуларен во Македонија и останатите земји од поранешна Југославија, земјите од Балтикот, Норвешка, Финска, Данска, Швајцарија, Германија, Полска и Чешка.

По Volkswagen, на втор најпопуларен бренд за рентање на возила е Fiat кој доминира во Португалија, Шпанија, Италија и на Крит (Грција). Од останатите брендови популарни се Opel, Ford, Peugeot, Renault, Dacia, Kia и Citroen.

Интересно е што во Русија најпопуларен бренд е Proto, во Бразил е Fiat, а Nissan е во Аргентина, и Оман.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK