Бразилец ја изналепи својата Буба со сликички од СП во фудбал (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Вистински фудбалски фанатик доаѓа од Бразил. Засега непознат Бразилец ја изналепил својата Буба со сликички од Панини албумот наменет за Светското првенство во Русија кое започнува наредниот месец.

Според пишувањата на бразилските медиуми, на вљубеникот на фудбалската игра потребни му биле дури 15 илјади сликички, а голема помош имал од своите пријатели кои исто така се вклучиле активно во овој подвиг.

Можеби ова ќе ви послужи како инспирација за и вие да го изналепите вашиот автомобил со сликички од Светско, особено доколку бојата е особено оштетена.

VW Buba

VW Buba

VW Buba

СП во фудбал почнува следниот месец а се одржува во Русија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK