И BMW се пофали со такси што поминало милион километри (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот на BMW за олдтајмери објави видео посветено на моделот 501 седан од 1955 година со минати 1 милион километри. Претходниот сопственик автомобилот им го предал на BMW Group Classic каде тие целосно го реставрирале.

Моделот 501 е првиот повоен модел. Поради обликот на елегантна лумузина со 2.6 литарски осумцилиндричен мотор со сила од 96 КС. и четиристепениот механички менувач го добил прекарот „Барокен ангел“.

Во периодот од 1954 до 1962 година биле произведени 5.914 возила. Во 50-тите и 60-тите години германската полиција користела вакви возила 501 за патролирање надвор од градовите и на автопатиштата.

Автомобилот што го покажа BMW Group Classic служел како такси во Минхен 15 години. Кога сопственикот после 1 милион минати километри го вратил, добил од фабриката нов BMW 1500.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK