Баба на 92 години посака нов автомобил, и возеше право во … (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Американката Гвендолин Свонк, која има 92 години пристигнала во автомобилскиот салон со намера да си купи автомобил, но многу брзо се поставило прашањето дали дошла да купи автомобили или да го искрши салонот?

Според зборовите на сопственикот на авто салонот, жената пристигнала во компанијата заедно со уште едено лице, кое било со неа во автомобилот за време на тест возењето.

Купувачката веќе го имала завршено тестот на автомобилот и се подготвувала да го паркира пред зградата, кога се случило нешто чудно.

Автомобилот наеднаш забрзал и се забил во дилерскиот центар.

Како што подоцна објаснила клиентката, таа ги помешала педалите за гас и кочница и го забила автомобилот во канцелариите на компанијата.

Тоа се случило околу 11:30 часот, а сопственикот на компанијата вели дека за среќа, вработените во канцеларијата за време на инцидентот забележале што се случува и навреме успеале да реагираат.

Од шестте лица во просториите ниту еден не бил повреден, а Шерман проценил дека штетата била околу 30.000 долари.

Покрај разрушениот преден ѕив, пштетен е и таванот, од кој виселе цевки и кабли. Покрај тоа има оштетување и на канцелариската опрема.

Норман вели и дека задолжително ќе постави ограда пред канцелариите за да се избегне повторување на сличен инцидент во иднина.