Audi RS6 како камионет!

ОБЈАВЕНО НА:

Изминатиов период се појавија неколку рендери од камионетите на BMW и Mercedes, а сега X-Tomi Design претстави рендер од можниот изглед на камионетот на Audi.

Станува збор за пик-ап изведбата на RS6 во зелена боја и хромирани елементи. Бизарноста се огледа уште на првиот поглед, но тоа не е причина зошто не би бил популарен кај вљубениците на Audi автомобилите или во САД и Австралија каде овие возила се многу популарни.

Секако, станува збор за рендер и е далеку од официјален приказ на германскиот производител. Впрочем Audi воопшто не планира да се впушти во таква “луксузна” авантура и засега овој рендер останува да “живее” во интернет просторот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK