Audi e-tron: За 24 часа мина низ 10 европски земји

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да ги прикаже своите одлични перформанси, но и да го промовира самиот модел, германскиот производител Audi спроведе 24 часовно патување со моделот e-tron.

Патувањето опфати 10 европски земји, а низ сите тие, караванот на Audi помина за само 24 часа при тоа поминувајќи околу 1.600 километри.

Караванот стартуваше во Словенија, а оттаму се упати низ Италија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Германија, Франција, Луксембург, Белгија, а крајната дестинација беше Амстердам, Холандија.

Инаку овој модел е вистинскиот адут на Audi во конкуренцијата на електрични автомобили. Со овој модел, Audi ќе парира на Tesla моделите, но и идните електрични автомобили на Mercedes и BMW.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK