Aston Martin дизајнираше куќа – чини 7,7 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Неретко производителите на луксузни автомобили покрај во развојот и дизајнот на автомобили учествуваат и на најразлични проекти.

Ferrari, Porsche, Lamborghini, Bentley, Rolls-Royce, а сега и Aston Martin уште еднаш се решава да се испроба на друг терен дизајнирајќи модерна и луксузна куќа.

Станува збор за модерна, рурална куќа лоцирана во долината Хадсон во Њујорк. Куќата е распостранета на имот од 55 актри и речиси 500 метри квадратни простор за живеење.

Располага со четири спални соби, четири бање и два тоалети. Тука е и големата дневна соба со галерија, трпезаријата и кујната, собата за релаксација, библиотеката како и гаражата. Секако, тука е и базен со придружен објект.

Aston Martin дизајнира куќа

Располага со четири спални соби, четири бање и два тоалети. Тука е и големата дневна соба со галерија, трпезаријата и кујната, собата за релаксација, библиотеката како и гаражата. Секако, тука е и базен со придружен објект.

Крајниот рок за комплетирање на овој проект т.е. целосна изградба е 2022 година, а целиот проект чини 7,7 милиони американски долари. Купувачот од британскиот производител добива и Aston Martin DBX.

Повеќе детали за овој проект можете да прчитате на официјалната интернет страна www.sylvanrock.com.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK