Акција 2 во 1: Купи апартман и доби гратис Aston Martin DBX

ОБЈАВЕНО НА:

“Купи апартман и доби гратис Aston Martin DBX”, звучи неверојатно? Да, секако, но доколку ова беше понуда за некој апартман лоциран во Аеродром или Карпош, а цената за метар квадратен е илјада евра.

Огласот е целосно вистинит, но за да го купите апартманот потребно ќе ви биде најмалку 3.985.000 долари, а во зависност од квадратурата, најскапиот изнесува 11.500.000 долари.

Апартманот се наоѓа во Њујорк, поточно во новите луксузни згради на William, лоцирани во Долен Менхетен. Истите се наоѓаат на 59 и 60 кат.

Истите покрај со трпезарија и дневна соба, располагаат и со неколку спални, бањи, библиотека, простор за рекреација. Сите овие соби се опремени со луксузен мебел, а постои можност и за уредување на внатрешноста според желбите на купувачот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK